Кривична за маскиран разбојник од Гевгелија

Според полицијата, на 22 март 2018 година околу полноќ, Д.П. со закана со нож извршил разбојништво во продавница во Гевгелија.

160

Маскиран разбојник со закана со нож врз вработена во продавница во Гевгелија, одзел над 700 евра. Полицијата веднаш го пронашла крадецот, а судија по претходна постапка му одредил притвор од 30 дена.

Од МВР соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Д.П. (41) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело „разбојништво“.

Според полицијата, на 22 март 2018 година околу полноќ, Д.П. со закана со нож извршил разбојништво во продавница во Гевгелија. Додека вработената била на каса, Д.П. влегол маскиран и со нож и се заканил да ги даде парите. Таа се исплашила, ја отворила касата и му дала 43.745 денари од дневниот пазар, по што Д.П. побегнал.

Набргу по пријавување на настанот, од страна полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија Д.П. бил пронајден и лишен од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...