Кривична за екс градоначалникот на Свети Николе

228

Поранешен градоначалник на Свети Николе, Р.Ѓ. (45) заработи кривична пријава поради „злоупотреба на службената положба и овластување“, против правното лице „Вин-им“ ДООЕЛ Виница, С.Т. (51) од Виница и С.Д. (55) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“.

Од полицијата индформираат дека на 20 мај 2010 година тој како градоначалник на општина Свети Николе донел и спровел одлука за јавна набавка за изградба на горен строј на коловозна површина и реконструкција и доградба на улици во Свети Николе за износ од 6.500.000 денари, без претходно да биде изработен основен проект и без одобрение за градење, како и без промена на деталниот урбанистички план.

Постапката за јавна набавка, според МВР, ја спровел со фиктивни количини од позициите во премер-пресметка и со одлука на Комисија за јавни набавки за изведувач била избрано второпријавеното правно лице, во кое одговорно лице била третопријавената. „По ова, С.Т. преку пријавеното правно лице почнала со изведба на градежните работи и заедно со С.Д., како вршител на надзор, во текот и по извршените градежни активности изготвиле завршна ситуација за наплата. На 20.09.2012 година Р.Ѓ. донел и спровел одлука за јавна набавка и вградување асфалт на улици во Свети Николе за износ од 600.000 денари, без претходно да биде изработен основен проект и без одобрение за градење, како и без промена на деталниот урбанистички план. И во овој случај, постапката за јавни набавки ја спровел со фиктивни количини од позициите во премер пресметката, а со одлука на Комисија за јавни набавки за изведувач бил избран ДГ „Изгрев инженеринг ДООЕЛ Велес“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...