Кривичен не му го врати пасошот на Мијалков

690

Кривичниот суд денеска го одби барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков да му се врати пасошот. Судот го одбил и барањето Мијалков еднаш месечно да се јавува во судот.

Пасошот на Мијалков му беше одземен пред неколку месеци во случајот „Таргет“ што го води Специјалното јавно обвинителство против него.

Ова е втор обид на Мијалков да го врати пасошот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...