Кремљ: Не е непријателски тоа што Трамп не му честита на Путин

Портпаролот на Стејт департментот Хуган Гидли синоќа соопшти дека сѐ уште не е закажан телефонски разговор меѓу Трамп и Путин со цел американскиот претседател да му честита на реизборот на својот руски колега.

363

Изостанувањето на честитка од американскиот претседател Доналд Трамп по повод изборната победа на неговиот руски колега Владимир Путин не е непријателски чекор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– На тоа не треба да се гледа како на непријателски чекор. Путин останува отворен за нормализација на односите со американските партнери онаму каде има интерес и каде е важно. Претседателот доби многу честитки од странски лидери. Некои можеби не можеле телефонски да се јават поради згуснатиот распоред, а некои од други причини – истакна Песков додавајќи „Утрото е попаметно од вечерта“.

Портпаролот на Стејт департментот Хуган Гидли синоќа соопшти дека сѐ уште не е закажан телефонски разговор меѓу Трамп и Путин со цел американскиот претседател да му честита на реизборот на својот руски колега.

На прашањето дали Белата куќа смета дека изборите во Русија биле слободни и фер, портпаролот кусо одговори: „Не сме изненадени од резултатот од изборите“.

– Ќе работиме на култивирање на односите со Русија и ќе спроведуваме казнени мерки кога Русија ќе се закани на нашите интереси. Сепак, ќе бараме области да работиме заедно кога тоа ќе служи на нашите интереси – појасни Гидли.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...