Коѕијас: Верувам во чесни преговори, од кои двете страни ќе имаат придобивки  

466

Треба да најдеме решение кое нема да понижи никого и ќе ги отвори вратите на иднината, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕзијас.

Димитров рече дека имале добри разговори во кои доминирало прашањето за разликите околу името и за градење на идните односи.

Заеднички интерес е да се најде решение за овој долгогодишен проблем. Прашањето трае долго, се обидуваме да градиме доверба и да ги отстраниме предрасудите кои се уште постојат. И од другата страна има желба за разговор и за изнаоѓање решение, кажа Димитров.

Најави дека следната недела ќе има нова средба со Коѕијас во Виена на која ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.

Денеска направивме чекори да ги решиме проблемите, кои не ги создадовме ние, туку ги затекнавме. Должни сме да ги решиме и тоа ќе помогне за пријателството меѓу двата народа, за стабилноста и безбедноста и за развојот на двете држави и целиот регион, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на прес конференцијата во МНР,

Тој потенцира дека верува во чесни преговори од кои во иднина и двете страни ќе добијат и двете страни ќе имаат придобивки, без победници или губтиници, Грција посакува компромис, додаде Коѕијас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...