Коѕијас со грчките комунисти ја започна серијата брифинзи за името

243

Речиси два часа траеше средбата на генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција Димитрис Куцубас со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Со Куцубас всушност почна серијата средби на Коѕијас со лидерите на грчките политички партии, на кои тој треба да ги информира за прашањето со името, разговорите во Виена и преговорите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Состанокот заврши без изјави за медиумите, додека, пак, во попладневните часови, шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со лидерот на партијата Река.

Во текот на утрешниот ден, Коѕијас ќе се сретне со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и со претседателот на Сојуз на централисти, Василис Левендис.

Место од претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, шефот на грчката дипломатија ќе биде примен од одговорниот за надворешна политика во опозициската партија, Јоргос Кумуцакос, но оваа средба засега не е официјално закажана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...