Коѕијас: Скопје бара лесно решение, а ние фер и одржливо

Мислам дека и двете страни се согласуваме дека треба да се бара решение, вели Коѕијас.

106

Скопје сака лесно решение, а ние фер и одржливо решение, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

– Мислам дека и двете страни се согласуваме дека треба да се бара решение. Скопје верува дека треба да биде лесно решение за нив, ние веруваме дека треба да е решение што ќе издржи низ времето и ќе биде фер – вели Коѕијас, јави дописникот на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...