Коѕијас наредната недела ќе ги донесе Горна и Нова Македонија на кирилица?

2048

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, наредната недела, на 22 и 23 март, ќе дојде во Скопје на средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, најавуваат грчките медиуми.

Според пишувањата на медиумите во Грција, Коѕијас ќе пристигне со два предлози како дел од најавуваната нацрт-спогодба, Горна и Нова Македонија напишани на кирилица.

Тие дури наведуваат и дека предлогот за решение за името наскоро ќе се најде и во грчкиот парламент, после Велигден или на почетокот на мај.

Инаку, очекувањата се дека Коѕијас ќе пристигне во земјава со авион на Меѓународниот аеродром – Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...