Коѕијас: Бараме промена на Уставот од искуството во ЕУ 

927

Зошто Грција инсистира на промена на Уставот на Република Македонија е прашање кое ми го поставува и македонската страна во преговорите. Едноставно тоа го бараме зашто ги земаме предвид искуствата во ЕУ каде има примери кога меѓународните договори биле поништувачи од уставните судови на земјите потписнички.

Ова го посочи грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање.

– Чесно решение е тоа кое ги зема предвид главните интересен на секоја страна. Се резултираат цо преговорите. Не сакам во текот на преговарањето да ги анализирам моите позиции, но морално решение е тоа што ќе ги задоволи двете страни. Не зборувам за екстремистите кои се во двете земји и не барам едната страна да биде уништена, а другата да победи. Не може ни едната ни другата зежја да прифати се што предлага деугата страна – вели Коѕијас.

Тој на заедничата прес-конференција со македонскиот министер за надворешни Нилола Димитров постојано потенцираше дека е потребно решение кое нема само да решава проблем од минатото туку ќе создава и иднина, нагласувајќи ги пријателските односи кои и денес постојат меѓу двата народи.

– Милиони луѓе се движат меѓу двете држави. Северна Грција  со радост ги прифаќа граѓаните на вашата земја, кои доаѓаат заради туризам, бизнис или за пријателски посети. Нашите народи се многу блиску, се блиску, мора да се блиску и во иднина наша должност е да ги донесеме уште поблиску – изјави шефот на грчката дипломатија.

Прашан дали тоа што сега на маса се наоѓаат три документи, предлогот од Метју Нимиц и нацрт спогодбите од македонска и од грчка страна, ќе ги отежни преговорите, Коѕијас рече дека дека таквите текстови се прават за да се разјаснат позициите на двете страни и да се олеснат преговорите. Тоа што ќе го договорат посочи тој, Нимиц ќе го стави во еден документ пред Советот за безбедност на ОН.

Исто така, Коѕијас потсети дека грчката страна го направила тоа што го ветила, дека тој ќе го посети Скопје кога ќе се смени името на аеродромот со цел да се отвори втората фаза за поврзување на земјава со ЕУ, како и да се даде поддршка за пристапување кон Јадранско-јонската иницијатива.

За време на средбата во македонското МНР група граѓани протестира пред зградата со транспаренти, со кои порачаа дека се против промена на името и преговорите со Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...