Коѕијас се надева дека на следната средба ќе може да се направи големиот чекор

Коѕијас додаде дека паралелно со разговорите за името, направена е и позитивна агенда за во иднина, за соработка на двете држави, „доколку, како што се надевам, се реши името“.

456

Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме обележано главните прашања за секоја страна и се на надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во изјавата за ЕРТ.

Коѕијас додаде дека паралелно со разговорите за името, направена е и позитивна агенда за во иднина, за соработка на двете држави, „доколку, како што се надевам, се реши името“.

Во однос на тоа дали е планирана следна средба, Коѕијас вели дека за „сите неопходни чекори постојат планови и договори“, без да открие кои се плановите за во иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...