Ќосето „виси“ во Сопиште

Ако навистина Гафури од Алијансата на Албанците гласал против поставување на споменикот во општината,, тогаш резултатот од гласањето би биле нерешен, односно 5 наспроти 5 советници.

1428

Алијанса за Албанците најави дека деновиве ќе отвори постапка за исклучување од партијата на советникот Орхан Гафури, чиј глас беше пресуден за одлуката,  споменикот на Ќосето да се носи во општина Сопиште.

Од Алијанса за Албанците велат дека се оградуваат од одлуката на советникот на Алијансата кој што гласал за една, според партијата, не добро смислена и не координарана постапка.

Гафури, пак вчера, откако советниците од СДСМ и ДПА, алармираа дека, одлуката е донесена со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албаците, излезе со тврдење дека тој гласал против и дека ќе бара повторување на постапката.

Ако навистина Гафури гласал против, тогаш резултатот од гласањето би биле нерешен, односно 5 наспроти 5 гласа, за што советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Сопиште, засега немаат одговор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...