Разузнавачкиот комитет во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, каде мнозинство се републиканците, соопшти дека не пронашол некаков доказ за соработка меѓу луѓето од претседателската кампања на Доналд Трамп и Русија за време на кампањата за изборите во 2016 година.
Републиканските членови на Комитетот наведоа дека ја завршиле истрагата за руското мешање и на една страница ги објавија своите заклучoци. Демократите ги оспорија заклучоците и го повторија мислењето дека истрагата се водела на тој начин што се штител претседателот на САД.
Во заклучоците се наведува дека конгресмените ги отфрлиле наводите на американските разузнавачки служби, објавени во 2017 година, дека рускиот претседател Владимир Путин му помогнал на Трамп во изборната трка против демократскиот кандидат Хилари Клинтон.
Во извештајот се нотирани повеќе руски хакерски напади на американски политички институции во 2015 и во 2016 година, пред сѐ, по пат на социјалните мрежи, но Комитетот, со мнозинство републиканци, посочи на незадоволителен одговор од страна на тогаш владејачката администрација на демократите.
Во извештајот се наведени и проблематични контакти на високи функционери од разузнавачката заедница (од времето на Барак Обама) и медиумите.