Конференција на француските и германските амбасадори акредитирани во земјите од Западен Балкан

213

Амбасадорите на Германија и на Франција акредитирани во земјите од Западен Балкан, како и повеќемина претставници на германските и на француските министерства за надворешни работи, се состанаа на 12 и 13 март 2018 година во Сараево.

Оваа регионална конференција на амбасадорите имаше за цел да се направи преглед на ситуацијата во земјите од Западен Балкан и да се разгледаат можностите за заеднички проекти за продолжување на поддршката на регионот.

Учесниците дискутираа, меѓу останатото, за европската перспектива на земјите од регионот, за регионалната соработка, за јакнењето на владеењето на правото, за помирувањето, безбедносните прашања, улогата на жените и состојбата со ЛГБТИ лицата, како и за улогата на младите, во рамките на средбата со генералниот секретар и заменик-генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Франција и Германија имаат заеднички пристап кон земјите од Западен Балкан, за поддршка на нивната одржлива стабилност, нивниот економски и општествен развој и европската интеграција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...