Македонски железници Транспорт денеска соопшти дека патничкиот железнички сообраќај кон Велес поради одронот на пругата се одвива комбинирано односно со автобус и воз.
– Се известуваат патниците дека железничкиот патнички сообраќај се одвива по редовниот возен ред на релација Скопје-Гевгелија-Скопје. За возовите бр. 611 и бр. 634 сообраќајот ќе се одвива по редовен возен ред, патниците ќе бидат превезени со автобус од Градско-Велес, Велес-Градско, а потоа ќе се префрлат во воз. Сообраќањето на меѓународните возови бр. 334 и бр. 335 ќе се одвива по редовниот возен ред, патниците ќе бидат превезени со автобус Скопје-Градско-Скопје, а потоа ќе се префрлат во воз, се вели во соопштението од МЖ Транспорт.
Поради поголем одрон на пругата меѓу станиците Велес и Згрополци од вчера железничкиот сообраќај на оваа реалција е во прекин.