Комора на извршители демантира: Не станува збор за извршување на само 1 денар

724

Комората на извршители во случајот со скопјанецот кому извршителка за долг од 1 денар за парно побарала да му бидат наплатени повеќе од 12.000 денари, тврди дека не се работи за извршување на само 1 денар туку се работи за извршување на износ од 4.208,00 денари за трошоци на постапка, како и адвокатски трошоци во износ од 1.534,00 денари.

Демантот од Комората на извршители го пренесуваме во целост:

„Комората на извршители на РМ смета дека треба да изнесе свој став врз основа на сензационалистичките написи во дел од медиумите а во врска со објавениот статус на социјалните мрежи, презентирајќи информации со кои се нанесува огромна штета на фелата на извршители и на севкупниот правен систем во РМ со што се нарушува сликата за системот на извршување во РМ.

Имено, со поднесување на барањето за извршување, а согласно поизитивните законски одредби од ЗИ и тоа членот 2 ставот 2 во кој недвосмислено е наведено дека извршувањето започнува по барање од доверителот, а видно и од членот 3 ставот 2 во кој е наведено дека извршителот не смее да го одбие спроведувањето на извршувањето, освен во случај ако се исполнети условите за неговото изземање и ако има сознание дека за истата извршна исправа се спроведува извршување кај друг извршител, Комората го дава следниот коментар за овој предмет.

„Согласно извршната исправа должникот бил задолжен да плати  износ од 3.464,00 денари на име главен долг, како и трошоци во постапката направени пред нотарот во износ од 4.208,00 денари. Од причина што, должникот со задоцнување го платил главниот долг, а трошоците на постапката во износ од 4.208,00 денари останале ненаплатени, започнува да тече камата на главен долг. Со оглед на тоа доверителот пресметал законска казнена камата во износ од 1,00 денар, во барањето пред извршителот побарал и исплата на трошоците содржани во платниот налог издаден од нотарот.

Во овој случај видно е дека должникот делумно ја исполнил својата обврска, како што е наведено во извршната исправа донесена од нотар, односно, платил само главен долг во износ од 3.464,00 денари, а доброволно не ги исплатил трошоците на постапката кои биле авансирани од доверителот. Доверителот пресметал и побарал и камата за задоцнето плаќање на исплатениот главен долг, која законска казнена камата изнесува 1,00 денар. Во вакви околности доверителот составил и поднел барање за извршување до надлежниот извршител, кој морал да постапи согласно горенаведениот член член 3 став 2  од ЗИ што значи дека не постои повреда на постапката.

Комората на извршители чувствува етичка и професионална одговорност да ја информира пошироката јавност дека не се работи за извршување  на само 1,00 денар туку се работи за извршување на  и на износ од 4.208,00 денари за трошоци на постапка, како и адвокатски трошоци во износ од 1.534,00 денари.

Со цел подобро информирање на јавноста Комората упатува апел до граѓаните, обврските да ги намируваат навремено, со што би се избегнале дополнителни тошоци кои влијаат врз нивниот личен стандард“, се вели во демантот од Комората на извршители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...