Клиниката „Жан Митрев“ прослави полнолетство

Милион и пол третирани пациенти и над 30.000 операции на пациенти од цела Европа, се бројките кои ја одбележаа 18 годишнината од Жан Митрев Клиника

732

Милион и пол третирани пациенти и над 30.000 операции на пациенти од цела Европа, се бројките кои ја одбележаа 18 годишнината од Жан Митрев Клиника, соопшти Клиниката на прославата на годишнината.

– Во 2000 година ги поставивме темелите на современите медицински услуги преку Специјалната Болница по хируршки болести „Филип Втори“ која ја конципирав како модерна единица за интензивна нега со тогаш врвна функционална операциска сала. Од 2003 година горди сме што ја направивме првата операција на отворено срце на буден пациент, за што болницата доби високо меѓународно признание. Година дена подоцна почнавме и со третман на вродени срцеви заболувања. Првиот АSD occluder (преткоморно чадорче) беше успешно поставен, на преткоморен дефект кај 4 годишно момче – изјави д-р Жан Митрев, сопственик на болницата.

Здравствената установа е софистициран центар со најсовремена дијагностика во повеќе области од медицината, подржана со модерна хирургија, анестезија и единица за интензивно лекување.

– Клиниката има системи кои се вградени во објектот во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден да ги задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето на нашата модерна клиника. Направена е максимална заштита од можност на загадување на стоечката вода, со што е постигната и највисока превенција од појава на микрозагадувања. Болницата работи 24 часа на ден па затоа одржување на температура, влагата и потребен број на измени на воздух се строго контролирани – додаде Митрев.

Тој потсети дека откако во 2016 година ја отвориле новата болница за првпат во Македонија почна нов концепт во медицината-персонализирана медицина базирана на генетската предодреденост на секоја индивидуа. Со реорганизација и спроведување на ЈСI – американски стандарди за безбедна медицина на секој пациент, доктор Митрев ја направи 4-тата автотранспланатација во Македонија и одбележа 20 години од првата направена трансплантација. Митрев е примен за почесен член на Европската Академија на науките,уметностите и литературата.

Во болницата се применуваат најсовремените стандарди за хигиена и превенција на интрахоспиталните инфекции, потпомогнати со модерната технологија која е имплементирана. За пациентите, интегриран е систем поврзан со софтверската апликација за Жан Митрев Клиника која овозможува на корисниците директно преку нивните мобилни уреди да закажуваат прегледи.

„Болницата има над 300 вработени. Можеме да се пофалиме со вкупно 1.5000.000 третирани пациенти и над 30.000 направени операции на пациенти од републиката и од цела Европа. Денес прославуваме полнолетство, матура на нашата работа. Матурскиот испит го положивме со добивање на JCI американската акредитација за болници“, стои во соопштението на Специјална болница по хируршки болести Жан Митрев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...