Клиниката за гинекологија-Скопје останува со блокирана жиро сметка

369

Заврши средбата на министерот за здравство и директорката на скопска гинекологија на која се бараше решение за проблемот со блокираната сметка на клиниката.

Министерот Филипче за телевизија 24 вели дека во текот на утрешниот ден дополнително ќе има средба со раководните луѓе на фондот за здравство за да се најде коплетно решение за проблемот на гинекологија.

Сметката неколку дена е блокирана за 410. 000 евра по тужби на родители на деца родени во 2008 година кои останале слепи бидејќи се задоцнило со дијагностицирање на ретинопатија, а решенијата биле извршни- потврди за тв 24 директорката Викторија Јовановска. Инаку, овие две тужби не се единствени, постојат и други, но се уште без судски епилог.

Освен за овој проблем, Филипче се сретнал и со матичните гинеколози, кои исто така пред извесно време се заканија дека нема да работат ако не се решат и нивните преоблеми, Филипче посочува дека разговарале, се развила добра дискусија, и многу скоро и за нив ќе има соодветно решение.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...