Кинезите направија депонии за велосипеди

206

Десетици компании лани во Кина ја искористија можноста за изнајмување велосипеди, што ги преплави и онака густо населените градови, кои пак, се покажаа неподготвени за сите последици од овој добронамерен еколошки потег на кинеските власти.

Имено, изнајмувачите почнаа да ги оставаат велосипедите насекаде. Бидејќи не се нивни, тие не ги ни враќаат по користењето, па така остануваат на улица и по неколку дена. Поради тоа улиците се полнат со шарените превозни средства (за „една употреба“), кои пак, во густиот сообраќај често и страдаат. Затоа градските власти мораат да определат и места за собирање на неупотребливите велосипеди.

Кинезите добија специјални „депонии за велосипеди“, што оддалеку можеби изгледаат шарено и привлечно за око, но нивниот зголемен број не ветува ништо добро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...