„Кембриџ“ ќе нема во средните училишта, италијански како можен втор странски јазик

1336

Примената на наставни планови и програми по Кембриџ-програмата  во средно образование нема да почне ни од наредната учебна 2018/2019 година, одлучила Владата на денешната седница.

„Министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година“, соопшти прес-службата на Владата.

Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ Кембриџ во средно најавуваше од оваа (2017/2018) учебна година како продолжение на Кембриџ-програмата за предметите од природните науки воведена во основното образование, но од 1 септември оваа програма не беше воведена за средношколците.

Владата на вечерашната седница усвоила и Информација за воведување на италијанскиот јазик во основно и во средно образование како можност за втор странски јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...