Ќе се соопшти обвнинението за насилството во Собранието, обвинетите се товарат за тероризам

636

Основното јавно обвинителство ќе го поднесе обвинението против 36 лица за упадот во Собранието на 27 април, потврди Обвинителството.

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во интервју за „360 Степени“ потврди дека ќе нема преквалификација на делото за ниту еден од осомничените/обвинетите во овој случај. Тоа значи дека сите ќе бидат обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Меѓу обвинети во овој случај се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов, како и членот на Извршниот комитет на партијата, Богдан Илиевски. За настаните се товарат и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дуловски и Борис Дамовски, како и ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Обвинетите се товарат за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Во текот на денот, Обвинителството ќе одржи прес-конференција за обвинението кое ќе го поднесат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...