Преку Министерството за труд и социјална политика обезбедивме средства за изградба на детска градинка во рурална средина, во селото Брајковци, која покрива неколку села и за таа намена имаме обезбедено 10 милиони денари, информира министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска по денешната средба со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.
Според неа, до мај треба да биде потпишан договорот за изградба на градинката и во септември таа треба да треба да биде изградена.
– Намера на Владата е навистина да инвестираме во рамномерен регионален развој и затоа фокус ни се руралните општини, бидејќи и децата од руралните општини треба да имаат подеднаков старт како и сите останати дечиња во Македонија, оти тие се потенцијалот на нашата држава – рече Царовска.
Таа додаде дека ќе се отвораат градинки и во Чашка, во село Каласлари, општина Велес и во Прилеп.