Казнети 21 возач за брзо возење, 12 сообраќајки вчера во Скопје

113

Единаесет лица се полесно повредени во шест од 12 евидентирани сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

Сообраќајната полиција презела санкции кон 21 возач за пречекорување на дозволената брзина, 11 се исклучени од сообраќај по разни основи, а за истечена сообраќајна дозвола и техничка неисправност од сообраќај се отстранети седум возила.  Издадени се и мерки за непрописно паркирани 106 возила, а пајакот кренал 72 возила.

Санкционирани биле и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло и по еден за недавање првенство за минување на пешаци и за неправилно престројување.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров, со ученици од второ и четврто одделение, во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...