Кавадарчани со столче си чуваат паркинг

403

Кавадарчани постојано се жалат дека недостига место за паркирање. Коментираат дека има семејства со повеќе автомобили и дека редовно, дури и за на кафе, на мала оддалеченост, се оди со автомобил.

Според фотографијата жителите на овој град се принудени на драстични мерки. За да имаат каде да го паркираат своето возило, мораат секојдневно да си ги чуваат паркинг местата седнати на столчиња среде паркиралиштето.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев најавува решавање на проблемот со истовремено работење на обезбедување на повеќе паркинг места и систем на зонско паркирање.

– Ние имаме комплетен план и стратегија околу овој проблем. Таа одлука не е случајна. Во кординација со советниците имавме неколку отворени дебати и ги разгледавме сите можности, сите опции за најдобро за градот и за граѓаните – информира градоначалникот.

Открива дека имаат план за изградба на два катни паркинга и еден подземен во делот на градскиот парк.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...