Касами реизбран за лидер на Беса на скопското крило, чека покана од Владата

Конгресот го организираше едното крило на Беса, а минатата недела на конгресот во Тетово на другото крило во партијата за лидер е избран Африм Гаши.

116

Биљал Касами со поддршка од 455 делегати е реизбран за претседател на Движењето Беса, на конгресот на партијата во Скопје.

Конгресот го организираше едното крило на Беса, додека минатата недела на конгресот во Тетово на другото крило во партијата за лидер беше избран Африм Гаши.

По изборот, Касами ги нарече последните превирања во Беса, игри и тенденции за раскол во партијата и оцени дека крилото кое веќе јавно е против него, има цел да ја разори Беса, а не да ги победи политичките противници.

– Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот – изјави Касами.

Прашан дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами рече дека моментално се дел од опозицијата и ако имаат понуда да бидат дел од Владата, секако дека ќе дискутираат.

Касами има поддршка од двајца пратеници во Парламентот, Фадил Зендели и Теута Биљали, додека другото крило ја има поддршката на Неџбедин Кахремани, Реџеп Мемеди и Африм Гаши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...