Касами: Ја осудуваме деструктивната и заканувачка реторика на рускиот амбасадор

227

Провокативните изјави на рускиот амбасадор во Македонија се уште еден доказ дека руската дипломатија користи заканувачка реторика на сите држави што се ориентирани кон НАТО и Европската унија, реагира претседателот на Беса, Билал Касами.

„Движење Беса ја осудува деструктивната и заканувачка реторика и итно бара од Министерството за надворешни работи да испрати протестна нота до Русија и да бара одговорност од рускиот амбасадор.

Во исто време, апелираме до владата, без губење на време да ги забрза процесите кои час поскоро ќе ја интегрираат Македонија во НАТО за да се осигура безбедноста на државата од веќе непријателските проруските кругови“, се наведува во соопштението.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...