Поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска вели дека го разбира обвинението од СЈО како текст, но не разбира на кој начин постои злоупотреба и тврди дека и таа и останатите две обвинети во предметот „Тендери“ работеле според законските прописи.
– Го разбирам тоа што е напишано, но не можам никаде да најдам каде има злоупотреба во обвинението – рече Канческа Милевска пред Судискиот совет.
Дека не се виновни изјавија и второ и третообвинетата.
Ниту една од нив не се чувствува виновна, како што се изјаснија на денешното судско рочиште на кое во моментов се даваат воведените зборови.
Предметот „Тендери“ се однесува на злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“