Канаваро најплатен фудбалски тренер во Кина

255

Италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Канаваро е најплатен тренер во кинеската Супер лига. Тој заработува 12 милиони евра по сезона.

Од Канаваро во светот повеќе заработуваат само три фудбалски тренери: Марчело Липи (20 милиони евра), Пеп Гвардиола (17,3) и Жозе Мурињо (16,9).

Покрај Канаваро во Кина двоцифрена годишна плата имаат и Мануел Пелегрини  и Фабио Капело. Двајцата заработуваат по 10 милиони евра за една сезона.

Во кинескиот фудбал високо котира и Србинот Драган Стојковиќ Пикси со годишна плата од осум милиони евра, што го прави подобро платен од големите тренерски имиња како Конте, Зидан, Симеооне…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...