Канал 5: Алаѓозовски релативизира јасен говор на омраза на Теодосиевски

661

Канал 5 реагира оти „нема осуда од надлежните за навредите и недоличниот вокубулар на специјланиот советник на Алаѓозовски, Златко Теодосиевски, искажани во неговата последна колумна на адреса на Канал 5 и емисијата ,,Само Вистина” .“

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Според министерот за култура, тоа било слобода на изразување. Канал 5 остро оценува дека станува збор за обид за релативизирање на очигледниот говор на омраза.

Канал 5 Телевизја изразува загорезеност од примитивниот вокабилар на посебниот советник на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, Златко Теодосиевски, кој во колумна објавена на порталот „ПлусИнфо“ го навредува колективот на медимот.
Советникот Теодосиевски со навредливи содржини ја обвини емисијата „Само Вистина!“.

Напиша дека била намерно продолжена, во која гостуваа Филип Петровски и Мирослав Грчев, за како што пишува, да се тормози едниот гостин. Во последните изданија, на „Само Вистина!“ емисиите траат во зависност од динамиката на дебатите што варира терминот од еден час и 15 минути до 1 час и 30 минути.
Став побаравме и од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, но во камера не можел да зборува, зашто имал приватни обврски. Се огради од колумната на Теодосиевски, но не се извинува.

„Би сакале да ви укажеме дека гостувањата и нивните настапи во јавноста се во нивно лично име. Официјалните ставови на Министерството за култура ги соопштувам јас како министер за култура и лицата кои се задолжени за тоа во Министерството. Би сакал исто така да истакнам дека оваа Влада секогаш ќе ја почитува слободата на говор и изразување. Истовремено, апсолутно го почитуваме и правото на реакција на засегнатите страни“, се вели во писмениот одговор на минситерот за култура, Алаѓозовски.

Во одговорот меѓу другото вели дека постојано излегуваат во пресрет на сите медиумиски барања, но изјава во камера Алаѓозовски на оваа тема нема да даде и утре, бидејќи е на одбележување на денот на холокаустот во Битола. На писмениот одговор, реагира Канал 5.

„Г-дине Алаѓозовски,
Пријатно сме изненадени од обидот да се оградите од вербалниот привитивизам на вашиот специјален советник, кој целата наша компанија ја нарече со погрдни зборови , но за жал, нашите очекувања биле беспредметни.
Вашиот одговор на нашето писмо упатено до Вас, со едно едноставно прашање – „дали барем ќе се оградите од изјавите на Вашиот специјален советник, Златко Теодосиевски? “( за жал не можеме да го наречеме господин поради очигледната негова воспитна запуштеност),  во најмала рака е шокантен.
Имено, очигледниот ГОВОР НА ОМРАЗА кој го експлоатира Вашиот специјален советник, лицето Златко Теодосиевски, Вие, во име на Владата (?)  го израмнувате со „слободата на говор и изразување“ и при што, замислете, го почитувате нашето право  на реакција?!

Дополнително Г-дине Алаѓозовски, констатирате дека е „коментирање на медиумските содржини, е непримерна за државни институции во едно демократско општество“ но притоа заборавате дека токму тоа лице, Златко Теодосиевски е ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК во вашето Министерство!
Претпоставуваме дека ви е кристално јасно дека дотичното лице користи недвосмислено ГОВОР НА ОМРАЗА, која не да не смее да се релативизира, туку мора да се осуди, и тоа без никаква заддршка!

Затоа, Канал 5 Телевизија ќе побара од ЈОРМ да се позанимава со овој случај на говор на омраза, а  ние,  сеуште очекуваме во најмала рака, извинување и оградување од ваша страна за недоличното однесување на лицето Златко Теодосиевски“, се вели во реакцијата на Канал 5 Телевизија на одговорот на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...