Како да се воспита татковината?

292

Во случај татковината да засере до грло, важно е родителите, односно ХДЗ,  да не ја бараат одговорноста кај себе.

Воспитувањето не е лесна задача, особено ако тоа го вршат несовесни и невоспитани родители. Хрватскиот закон за семејство нуди јасни насоки за тоа што е семејство и нема сомнеж дека новото проширено издание ќе ги задоволи критериумите на јавноста. Значи, како да се воспитува татковината? – пишува Дада Батиниќ во козеријата за Индекс по повод новиот предлог закон за семејство во Хрватска.

Во првите години од животот да не ѝ се дозволи слобода на говор и мислење, туку постојано да се држи во страв, а нејзините родители, односно ХДЗ, да се смета за несомнен авторитет за сите прашања.

Во случај татковината да засере до грло, важно е родителите да не ја бараат одговорноста кај себе, туку татковината треба да се пресоблече, пред соседите да го слушнат нејзиниот незадоволен плач.

Татковина веднаш по раѓањето треба да се вакцинира против Србите, муслиманите, атеистите, интелектуалците … Повеќепати вакцинирана, татковината до пладне се мрази себеси, а попладне целиот свет, но стручњаците тој несакан ефект го сметаат за бениген и занемарлив во споредба со другите бенефити од вакцинацијата. Единствената бактерија од која ѝ се заканува опасност на татковината е салмонелата.

Татковината треба да се охрабрува да спие со запалена ламба и да се препплашува со ​​приказни за чудовишта од мрачните времиња. Така татковината се чувствува најудобно на светло од  штедливите светилки, а повеќе од темнината ја плаши само она што е осветлено од сончевата светлина.

Во согласност со законските прописи, родителите се обврзани татковината да ја одгледуваат според сопствените морални принципи и да се води сметка таа да не се угледа на блиските предци, на пр. во Југославија. Се препорачува татковината да се воспитува во католичко-хрватски дух, така што уште од мали нозе да научи што значи да се краде, лаже, да се мрази, убива, односно што значи љубовта на ХДЗ.

Родителите на татковината се обично во кавга со сите, особено со најблиските роднини, бидејќи постојано се спорат околу меѓите и границите. Се влечкаат по судови, а на татковината ѝ велат дека го прават тоа за нејзино подобро утре. Иако татковината денес гладува, родителите и законот сметаат дека тоа е само хир – ќе јаде кога ќе посака.

Родителите едвај можат да се сетат на роденденот на татковината, но посебно внимание обрнуваат на ноемврискиот ден кога падна и се повреди. Татковината не сака да се потсетува на тоа, ама законот препорачува таа да се зајакнува со страдање. Ако страдањето не ја зајакне татковината туку ја убие, значи дека народната поговорка не била ефикасна, односно народот.

Татковина се поттикнува да ги слуша Нада Муратагиќ, Жељка Маркиќ и останатите фолк певаљки, во народот попознати како шунд. Татковина е запуштена, од чорапите и пробива палецот, косата ѝ е масна и замрсена, а наталожените слоеви на нечистотија ги покрива скусената облека. Родителите милно ѝ зборуваат дека е Љепа наша, ја  убедуваат дека им е мила и единствена, но законот смета дека несовесните родителите не треба да ѝ се одземат на татковината, туку истата ќе профитира со тоа што ќе биде во целодневен престој во институциите кои ја работат својата работа.

Таковината не е веќе незрела млада девојка и курот ѝ е полн со ХДЗ. Го напушта домот, лута низ Ирска и Германија во обид да најде работа и цел на своето постоење.  Родителите ја знаат целта на татковината во странство – испраќање пари дома.

Но, ако татковината отиде во Ирска, дали се работи тука сѐ уште за семејството, односно, тоа што е семејството? Според новиот предлог-закон, семејство може да го сочинуваат и само родителите, од што произлегува дека ХДЗ е семејство.

Без оглед што татковината практично ја исфрлија од куќата, ХДЗ има право на семејно стебло, а тоа што до тогаш беше и татковинско, сега е нејзино. Се очекува дека новиот предлог-закон ќе наиде на одобрување во пошироката јавност. Имено, на сите им стана јасно дека ХДЗ заслужува да виси на дрво.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...