Каде е најсигурно да се роди дете?

Деновиве УНИЦЕФ ја објави листата на земји со најмал и најголем морталитет. Еве каде е најсигурно место за раѓање

138

Според листата на УНИЦЕФ, најсигурно место на светот за раѓање на бебе е Јапонија, кадешто има најниска стапка на морталитет на новороденчињата. Имено, само едно од 1.111 бебиња умираат во текот на породувањето или по него.

Во првите пет најсигурни места за породување, освен Јапонија, се и Исланд, Сингапур, Финска и Словенија.

Иако УНИЦЕФ нагласува дека смртноста на децата во период од 1 месец до петата година е значително намалена секаде во светот, тоа за жал не е случај и кога зборуваме за новороденчињата.

Изгледа дека најголема пречка за сигурноста на новороденчињата е нивото на приходите.

– Во земјите со високи приходи на секои 1.000 бебиња умираат во просек три бебиња, а во посиромашните земји тој размер достига високи 27 на 1.000 родени бебиња. А секое од тие умирања е многу трагична, особено затоа што повеќето смртни случаи можеле да се спречат – наведува УНИЦЕФ кој открива дека повеќе од 80 отсто новороденчиња умираат заради прерано раѓање, компликации во текот на породувањето, како и по инфекции како што се сепсата, менингитисот и воспалението на белите дробови.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...