По шокантниот документарец „Заминувањето од Недојдија“, во кој Мајкл Џексон повеќекратно се обвинува за педофилија, на површина испливаа нови, шокантни детали за пејачот. Овојпат поврзани за неговата смрт, во 2009 година.
Деталите се изнесени во новиот документарен филм за Мајкл Џексон во кој тројца детективи го откриваат текот на истрагата која следувала по потврдата дека пејачот починал во својот дом, на 25 јуни 2009 година.
Многу дебати покрена веста за неговата смрт за која во 2011 година на две години беше осуден неговиот личен лекар Конрад Мареј поради недозволена комбинација и дози на лекови кои му ги дал на Мајкл.
Мареј ја отслужи казната, а сега детективите Орландо Мартинез, Ден Мајерс и Скот Смит откриваат што пронашле во собата во која Мајкл Џексон бил пронајден мртов, наведува британски „Метро“.
– Имаше белешки, парчиња хартија залепени насекаде по собата, огледала и врата со кратки слогани и изрази – рекле и додале дека спалната соба била целата во неред, а дека некои од тие натписи биле како зборови од песни.
– Кога влеговме во собата во која Конрад го лекувал Мајкл, на креветот затекнавме компјутер, на креветот беше и живописна кукла и фотографии од бебиња налик на оние од рекламите – истакнале тие.
Детективите порачале и дека собата не била ни налик на онаа во која некој се лекувал, но дека ја пронашле торбата на доктор Мареј во која бил лекот за кој се смета дека го усмртил Мајкл.
Нашле и „тони отпадок, игли, празни шишиња, сè она што не требало да биде таму“.
FOTO: Quest Red
Photo / Killing Michael Jackson/NZ Herald