Kрај на војната од 50-те меѓу Северна и Јужна Кореја – армиите потпишаа договор

Во документот стои дека страните се договориле да прекинат со воени летови и артилериски оган во пограничните региони.

199

Воениот договор меѓу Северна и Јужна Кореја кој е потпишан денеска на маргините на самитот меѓу лидерите Мун Џае-ин и Ким Џонг – ун значи крај на корејската војна 1950 -1953 година, соопшти портпаролот на јужнокорејскиот претседател Јон Јунг-чан.

– Овој договор е всушност прогласување крај на војната и придвижување на мировен процес – истакна тој.

Во документот стои дека страните се договориле да прекинат со воени летови и артилериски оган во пограничните региони. Освен тоа одлуката предвидува Северна и Јужна Кореја до крајот на годината да расформираат 11 воени гранични пунктови.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...