Kошаркарскиот дрес на Барак Обама од тимот Пунахоу продаден за 120.000 долари

Дресот со бројката 23 Обама го носел кога имал 18 години, во средно училиште на Хаваите, каде што живеел.

207

Кошаркарскиот дрес од младоста на поранешниот американски претседател Барак Обама, беше продаден вчера на аукција во Тексас, за 120.000 долари.

Купувачот претпочитал да остане анонимен. На наддавањето имало 27 понуди. Според првичните информации, дел од приходите ќе отидат во образовни цели.

Дресот со бројката 23 Обама го носел кога имал 18 години, во средно училиште на Хаваите, каде што живеел. Тој 1979 година играл за кошаркарскиот тим Пунахоу од Хонолулу, којшто беше државен првак на Хаваите.

Дресот пред аукцијата бил проценет на 100.000 долари.

Инаку, поранешниот претседател на САД е љубител на кошарката, и доста често ја практикуваше во Белата куќа, со персоналот, но и со гостите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...