Душата ми трепери кога го гледам Тетово сплотено, сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, и други во една цел, да го продолжиме правиот пат. Сме сработиле многу. Затоа, на 12 ти април да им покажеме што сме сработиле, дека не ги бива и дека сме многу подобри од нив.
Ова го истакна членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов, вечерва на трибината „На прав пат“ во Тетово, додавајќи дека на 12 април ќе донесaт победа голема како Шар планина.
– ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски тврдат дека се патриоти, а на 27 април влегоа во собранието со намера да убијат. Бараат пари за опашката на бикот, а само за опашки потрошиле 1 милион евра – рече Костадинов, додавајќи дека се лицемерни.
Тој додаде дека за 2021 сите ние треба да вратиме 980 милиони евра, за спомениците, барокни фасади, жални врби, сега сакале или не мора да ги враќаме и ги враќаме.