Kолинда тврди дека ги предвидела нападите на 11 септември во Њујорк

Таа опишала дека ја одржувала тешката бременост во болницата додека ја пополнувала документацијата за апликацијата за стипендија.

2254
ФОТО: EPA / PETER FOLEY

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се пофалила дека речиси го предвидела нападот врз Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година во својата апликација за стипендијата Фулбрајт, пишува „Индекс.хр“.

Хрватската претседателка опишала дека ја одржувала тешката бременост во болницата додека ја пополнувала документацијата за апликацијата за стипендија и дека на својот сопруг Jaков ја издиктирала својата теза за „асиметричните закани“. Jaков ѝ рекол дека нејзината тема се покажала како малку „научна фантастика“, но пет месеци подоцна се случил нападот врз облакодерите во Њујорк, потврдувајќи ја визијата на Колинда.

– За жал, мојата теза стана реалност – поентирала Колинда, во својот говор во Вашингтон каде ја примила наградата Фулбрајт за животно дело.

Целата приказна е сосема бизарна, особено истакнувањето на она дека Јаков Китаровиќ ја сметал тезата на неговата сопруга за претерана.

Следувала приказна за тоа како Колинда одела во средно училиште во американскиот Лос Аламос („еден од најубавите периоди од мојот живот“) и дека се загрижила дека луѓето ќе имаат предрасуди кон неа таму, но ги немале. Колинда тогаш заклучила дека таа, всушност, имала предрасуди и дека научила дека нејзиниот како треба да биде со отворен ум.

ФОТО: EPA / PETER FOLEY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...