Kирацовски: Како генерација имаме обврска да и помогнеме на Македонија да тргне напред

98

Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред. Оваа, е одлука на нашата генерација, истакна пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар Кирацовски за време на денешната посета на општина Могила.

На средбите со граѓаните од Могила и другите пелагониски општини, Кирацовски посочи дека референдумот што ќе се одржи в недела е клучен чекор и затоа не треба да се седи дома, туку масовно да се гласа.

– В недела се соочуваме со историската одлука. Сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и изборот, дали да одлучиме за изолацијата во минатото или за напредокот во иднината. Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред. Ова, е одлука на нашата генерација. Клучен чекор за тоа е референдумот в недела. Во недела секој глас ЗА, носи подобра иднина на нашите деца. Што и да направите в недела, порача Кирацовски, тоа трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот, но и врз иднината на државата.

Кирацовски во придружба на градоначалничката на општина Могила Јасмина Гулевска, повика на масовно гласање, кое, како што рече ќе обезбеди иднина на европска Македонија.

-Недела не е ден за седење дома. Недела е ден за носење историска одлука. Недела е ден за гласање и затоа сите заедно одлучно да изгласаме за европска и перспективна Македонија, нагласи Кирацовски за време на денешната посета општините од Пелагонискиот регион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...