Kендал во костим за капење на снег

Обожавателите веднаш ја „наградија“ со милиони „допаѓања“ и коментари. Еден од фановите ѝ напиша: „Немој никогаш да се менуваш, остани своја“, а многумина се согласија со него.

915

Најплатената светска манекенка во 2018, Кендал Џенер (23), позираше во минијатурен костум за капење на снег.

– Навистина е студено – напишала Кендал во описот на фотографијата што ја објави на Инстаграм.

Како што се гледа на фотографијата, Кендал позира во бикини на снег, а на главата има шубара и очила за сонце, додека во рацете држи топла напивка.

Обожавателите веднаш ја „наградија“ со милиони „допаѓања“ и коментари.
Еден од фановите ѝ напиша: „Немој никогаш да се менуваш, остани своја“, а многумина се согласија со него.

Годинава „Форбс“ ја стави Кендал на врвот на листата на најплатени модели. Таа вкупно заработила 22,5 милиони долари во 2018 година, благодарение на брендовите како „Келвин Клајн“, „Адидас“ и со учество на многу престижни ревии.

– На почетокот бев многу пребирлива, внимателно ги избирав кампањите што ќе ги работам. Никогаш не бев една од оние девојки што ќе одработат по 30 ревии во сезона. Имав милион други работи, а не само ревии. Таа комбинација ме умори, па морав да застанам за момент и да одморам бидејќи бев на работ на нервен слом – рекла Кендал коментирајќи ја својата работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...