Kавадарчани без вода за пиење, голем дефект на водоводот

171

Голем дефект на водоводната линија се случи попладнево во Кавадарци, поради што две третини од кавадарчани се без вода за пиење.

Пандорка Димитриева Крстевска, референт за односи со јавноста при ЈП Комуналец, информираше за МИА дека дефектот е на цевка фи 450 од главната водоводна линија.

– Станува збор за ниска и средна зона, што значи дека вода ќе има само во висока зона. Без вода се централното градско подрачје, но и селата Росоман, Марена и Глишиќ и дел од Ваташа, појасни таа.

Се очекува дефектот да биде отстранет до 22 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...