Јувентус се пласираше во финалето на Купот на Италија, откако на домашен терен ја совлада Аталанта со 1:0 во реванш натпреварот од полуфиналето.
Стрелец на единствениот погодок беше Миралем Пјаниќ, кој во 75. минута со гол од пенал донесе водство за Јувентус.
Во финалето, Јувентус ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Лацио и Милан.