Јувентус е сѐ поблиску до нова одбрана на титулата во Серија А. Во дербито против Милан, шампионот победи со 3:1 и сега има 78 бодови по 30 одиграни средби, што е четири повеќе од вториот Наполи.
Јувентус сега има четири бода повеќе од наполитанците, на гостувањето кај Сасуоло киксираа и одиграа 1:1.
Јувентус против Милан поведе со голот на Дибала во 8 минута, но Бонучи израмни во 28 минута. Во последните 15 минути од натпреварот Јувентус даде два гола – Квадрадо во 79 минута и Кедира со голот во 87 минута.
Јувентус на домашен терен во вторник игра со Реал Мадрид, во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони.
Фото: EPA / ALESSANDRO DI MARCO