Јувентус го совлада Удинезе и се врати на врвот од табелата

Јувентус со оваа победа повторно е на врвот на табелата со еднаков број поени колку и Наполи, но со многу подобра гол разлика.

129

Јувентус на домашен терен го совлада Удинезе со 2:0, а Пауло Дибала беше стрелец на двата гола.

Дибала во 20.минута постигна гол од слободен удар и донесе водство за Јувентус од 1:0. Само 15 минути подоцна врз Дибала беше направен прекршок за пенал, но Гонзало Игуаин не успеа да реализира од белата точка.

Во четвртата минута од второто полувреме Игуаин му асистираше на Дибала, кој го постигна својот втор гол и ги постави конечните 2:0.

Јувентус со оваа победа повторно е на врвот на табелата со еднаков број поени колку и Наполи, но со многу подобра гол разлика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...