Јовановски: Урбано-политичка мафија во незаконска продажба на парцели на Макамтранс

454

Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија МАКАМТРАНС денеска побара институциите да преземат активности за, како што тврдат, незаконска продажба на парцели од плац во сопственост на МАКАМТРАНС  со која буџетите на Република Македонија и на општина Гази Баба се оштетени од 10 милиони до 30 милиони евра.

Според Страшо Јовановски, претседател на МАКАМТРАНС, зад продажбата стои урбано-политичка мафија предводена од структури на поранешната власт.

Неколкудневниот протест на камионџиите пред општина Гази Баба со кој камионџиите сакале да укажат за состојбата е прекинат во моментот кога ги добиле копиите од документите врз кои, рече Јовановски, е исконструиран грабежот на паркингот којшто со договор од 2002 година е во владение на МАКАМТРАНС, во површина од 24.000 метри квадратни.

– Со тоа  на буџетите на Република Македонија и на општината Гази баба им е предизвикана  штета во висина од 10 до 30 милиони евра, рече Јованов, кој побара Специјалното јавно обвинителствоа, Јавниот обвинител и премиерот да преземат соодветни активности согласно надлежностите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...