Расветлување на опожарената викендица на советникот на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески побара и градоначалникот Илија Јовановски.
– Да го расветлат случајот и да ги откријат причините, поради коишто избил пожар во викенд куќата на координаторот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески. Да се разјасни и најмал сомнеж. Личната и безбедноста на имотот на политичарите, од која било политичка провиниенција, на сите граѓани е императив во едно демократско општество, кон коешто се стремиме -рече градоначалникот Јованоски.