Претседателството на ДУИ го оддржа третото продолжение на состанокот на Претседателството започнато на 16 март каде што било разговарано за спроведувањето на програмата од централната извршна власт како и околу политичките актуелности.
На состанокот, лидерот Али Ахмети го запознал раководството на партијата околу разговорите со коалицискиот партнер во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство како и спорот со името, истовремено зборуваше и за законот за употреба на јазикот.
Членовите на Претседателството детално го разгледале текот на имплементацијата на програмата и го затвориле делот на известување од страна на министрите, заменици министри и државни секретари пред партиското раководство.
Состанок на Претседателството ќе продолжи на 13 април од 140 часот во седиштето на партијата во Тетово каде ќе започне широка дискусија, соопшти Демократската унија за интеграција.