Јашари се закити со злато на Европскиот Куп за кадети

120

На Европскиот куп за кадети кој се одржа на 10-ти и 11-ти март во Загреб, Хрватска, македонскиот џудист, Хамза Јашари, член на ЏК Миоки од Скопје, го освои златниот медал во категорија до 66 кг.

Во конкуренција со 86 натпреварувачи, Јашари со шест победи успеа да стигне до највисокото место на пиедесталот, совладувајќи ги Хлапчиќ од Хрватска, Осцаи од Унгарија, Канси од Германија, Вајсингер од Австрија, Козлов од Русија во полуфиналето и Гаснер од Австрија во финалето.

Овој Џудо куп е најмасовниот по број на натпреварувачи, со настап на вкупно 793 џудисти од 37 држави. За Јашари, ова е втор златен медал по освоениот на Европски Куп во Гиор, Унгарија, каде победи во пет борби за да стигне до најсјајното одличје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...