Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не се плаши дека ќе застарат кривичните дела кои произлегуваат од бомбите. На тоа, рече таа, како професионалци најмногу внимавале. Јанева посочи и дека ретко ќе се соочува во судница со обвинетите.
– Нема да се појавувам на тековните рочишта, ќе присуствувам само на определени рочишта. Но, во тек сум со се, следам се што е кажано на судењата, имаме записници и аудио снимки од нив – вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Таа не сакаше да коментира дали е задоволна од работата на судот, но посочи дека не се задоволни од одбраната во нивните предмети во насока на тоа како ги одолговлекуваат постапките.
– Генерално од сите обвинети не сум задоволна односно од нивните адвокатите кои на сите судења приговараат и ги одолговлекуваат постапките – рече обвинителката.
Таа ја повика Асоцијацијата на адвокати и останатите тела да се ангажираат околу интегритетот и професионалноста на адвокатите.
– Како што ние се грижиме за нашите обвинители, како што Судскиот совет треба да се грижи за судиите, така Адвокатската комора треба да внимава и еднаш да заврши со тие начини на одолговлекување на постапките. Мислам дека во минатото адвокатите имале поголем интегритет, не велам дека сега некои лица немаат, но треба да знаат дека треба да бидат многу професионални и пред суд и пред обвинителството, а пред се кон обвинетите и да им ги заштита нивните човекови права – порача Јанева.