Jа прашале Камила Паркер дали ќе ѝ недостасуваат Меган и Хари: Одговорот боли! ВИДЕО

Меган веќе извесно време престојува во Канада, а сопругот Хари ѝ се придружи вчера,

1391

Меган Маркл и принц Хари предизвикале голем скандал во медиумите кога објавиле дека се повлекуваат од кралските должности.

Меган веќе извесно време престојува во Канада, а сопругот Хари ѝ се придружил вчера, но остатокот од кралското семејство и понатаму не може да ги одбегне прашањата за брачната двојка.

Така и војвотката од Корнвол и сопруга на принц Чарлс, Камила Паркер, за време на 40-годишнината на Домот за палијативна нега што го посетила, ја прашале дали ќе ѝ недостасуваат Меган и Хари.

Камила одлучила да одговори внимателно, па си дала кратка пауза, потоа се насмевнала и рекла:

Хммм… Секако“.

Видеото од одговорот на Камила веднаш се раширило на социјалните мрежи, а корисниците коментирале дека војвотката дала дипломатски одговор, но во суштина јасно е што навистина мисли и дека овој одговор многу ќе го здоболи принц Хари.

 

Видео: Twitter @chrisshipitv

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...