Jавно приватно партнерство и за хеликоптерски услуги за пребарување и спасување

158

Денеска Владата на Република Северна Македонија го донесе новиот текст на Решението за формирање на Комисија за спроведувањена постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација – Платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем на Република Македонија ( HEMS ) и хеликоптерски услуги за пребарување  и спасување (SAR), соопштија од Владата.

Дополнително, за реализација на постапката се задолжени Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи до Генералниот секретаријат на Владата веднаш да достават номинација на членови и заменици членови на Комисијата, која потоа ќе треба да го достави Јавниот повик и Тендерската документација во рок од 30 дена до Владата на Република Северна Македонија на усвојување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...