Од печат излезе книгата „Шестмина словачки поети“ чиј приредувач и преведувач е Звонко Таневски, професор на Катедрата по македонски јазик на Универзитетот во Братислава.
Книгата е во издание на „Везилка 2011“ и претставува потесен избор од современата словачка поезија, што авторот го направил во последните неколку години. Во неа се застапани словачките поети Иван Лаучик, Мирослав Дудок, Игор Хохел, Ерик Јакуб Грох, Михал Хабај и Петер Били.
Како што наведува Таневски во воведот на книгата, дел од песните на поетите минатата година се објавени во ревијата „Бранувања“, а дел биле наменети за Антологијата на современата словачка поезија чиј приредувач бил професорот Јан Гравура која од 2014 година го чека објавувањето во соодветната едиција на Струшките вечери на поезијата.