Податокот за рејтингот за емисијата „Отворено“ на Телевизија 24, објавен на порталот Плусинфо, не е точен, реагира телевизијата.
Наспроти податокот за гледаност од 18.000, вистинската бројка е 49.966.
Неточноста во податокот од мерењето на АГБ „Нилсен“ веројатно е последица на тоа што станува збор за измерена гледаност на реприза, иако телевизијата тврди дека репризните гледања се над 30.000.
Тоа суштински го менува рангирањето на водечките емисии и е битен податок за гледаноста на Телевизија 24, поради што им се извинуваме на колегите за пропустот.